Матеј 7:7-11
Матеј 7:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Молете и ќе добиете; барајте и ќе најдете; почукајте и ќе ви биде отворено, бидејќи, секој што моли ќе добие; оној што бара ќе најде; на оној што чука ќе му биде отворено. Има ли меѓу вас некој, кој на својот син би му дал камен, ако тој моли за леб? Или да му подаде змија, ако тој моли за риба!? Па, кога вие, коишто сте грешни, знаете да им давате добри подароци на своите деца колку повеќе и подобри нешта ќе добие од својот небесен Татко оној што ќе Го замоли!“
Матеј 7:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, ќе му даде камен, и кога ќе посака риба, ќе му даде змија? И така, ако вие кои сте лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку ли повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат?
Матеј 7:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори. Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен? Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија? И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, Кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои Го молат?“