Матеј 7:16-20
Матеј 7:16-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
По нивните плодови ќе ги распознаете: трнот сигурно не раѓа грозје, ниту пак чичката раѓа смокви! Секое питомо дрво раѓа питоми плодови, а секое диво дрво раѓа диви плодови. Од питомото дрво не може да произлезе див плод, ниту пак од дивото дрво може да произлезе питом плод. А дрвјата кои не раѓаат питоми плодови се сечат и се горат! Така, значи, по нивните плодови ќе ги распознаете.“
Матеј 7:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. И така, по нивните плодови ќе ги познаете.“
Матеј 7:16-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган. И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.“