Матеј 6:31-34
Матеј 6:31-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па затоа, не грижете се и не говорете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘ Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е неговата неволја.“
Матеј 6:31-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа, да не ве мачат грижи за тоа што ќе јадете, што ќе пиете и во што ќе се облечете; тоа им е својствено на оние што не Го познаваат Бога, кои се јадосуваат поради овие работи. А вашиот небесен Татко знае дека тие работи ви се неопходни. Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство и Неговата праведност, а си друго што ви е потребно, ќе ви биде дадено. Значи, не грижете се за утрешниот ден тој ќе се погрижи за себе. Доволно грижи има за денешниот ден!“
Матеј 6:31-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова. Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сѐ тоа ќе ви се додаде. И така, не грижете се за утре-шниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.“