Матеј 6:2-4
Матеј 6:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А кога давате милостини, не трубете насекаде, како што тоа го прават лицемерите по синагогите и по улиците. Тие го прават тоа за да бидат пофалени од луѓето. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема! А ти, кога ќе даваш милостини, твојата лева рака да не знае што дала десната; нека бидат дискретни твоите милостини, а твојот небесен Татко, Кој го гледа и тоа што е тајно, ќе те награди јавно.“
Матеј 6:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“
Матеј 6:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, кога правиш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат славени од луѓето. Вистина ви велам, ја имат својата награда. А ти, кога правиш милостина, нека не ти знае левицата, што ти прави десницата, за да биде твојата милостина во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“