Матеј 6:19-24
Матеј 6:19-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Не напластувајте си богатство овде на Земјава, каде што молци и ’рѓа го уништуваат и крадци провалуваат и го крадат, туку напластувајте си богатство на небото, каде што ни молци ни ’рѓа го уништуваат, ниту пак крадци провалуваат и крадат. Зашто, каде што ви е богатството, таму ќе ви биде и срцето. Очите се светилка за телото; ако ти се здрави очите, целото тело ќе ти биде осветлено; ако, пак, очите не ти се добри, целото тело ќе ти биде затемнето. Значи, ако тоа што во тебе треба да е светлина, всушност е темнина, колку ли е црна темнината!? Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.
Матеј 6:19-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“ „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.
Матеј 6:19-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што кра-дци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.“ “Светилото на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осве-тлено; но ако твоето око е лукаво, целото твое тело ќе биде те-мно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, колкава ќе биде темнината!“ “Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.“