Матеј 6:16-34
Матеј 6:16-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„И кога постите, не бидете намуртени како лицемерите; тие си го изобличуваат лицето за да забележат луѓето дека постат. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема! А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето, за да не те познаат луѓето дека постиш; доволно е што знае твојот небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно, за што ќе те награди јавно. “ „Не напластувајте си богатство овде на Земјава, каде што молци и ’рѓа го уништуваат и крадци провалуваат и го крадат, туку напластувајте си богатство на небото, каде што ни молци ни ’рѓа го уништуваат, ниту пак крадци провалуваат и крадат. Зашто, каде што ви е богатството, таму ќе ви биде и срцето. Очите се светилка за телото; ако ти се здрави очите, целото тело ќе ти биде осветлено; ако, пак, очите не ти се добри, целото тело ќе ти биде затемнето. Значи, ако тоа што во тебе треба да е светлина, всушност е темнина, колку ли е црна темнината!? Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите. Затоа, ви велам, да не ве мачат грижи за неопходната храна и облека кои ви се потребни за живот; зар животот не е повеќе од храна и облека за телото? Погледнете ги птиците во небесниот свод: тие ни сеат, ни жнеат, ниту пак резерви си напластуваат; па сепак, вашиот небесен Татко ги храни. Та зар за Бог вие не сте повредни од нив!? Можат ли сите ваши грижи, макар и за педа да ви го продолжат животот? И зошто се грижите за облекувањето? Погледнете како растат полските цвеќиња: тие не се трудат, ниту предат, па сепак, ви велам дека ни царот Соломон во својата најголема слава не беше накитен како еден полски цвет! А, кога Бог така ја облекува полската трева, која денес ја има, а веќе утре в оган се фрла, зар Тој нема и вас да ве облече? Колку мала вера имате! Затоа, да не ве мачат грижи за тоа што ќе јадете, што ќе пиете и во што ќе се облечете; тоа им е својствено на оние што не Го познаваат Бога, кои се јадосуваат поради овие работи. А вашиот небесен Татко знае дека тие работи ви се неопходни. Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство и Неговата праведност, а си друго што ви е потребно, ќе ви биде дадено. Значи, не грижете се за утрешниот ден тој ќе се погрижи за себе. Доволно грижи има за денешниот ден!“
Матеј 6:16-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата нажалени за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда. А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“ „Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“ „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон. Затоа ви велам: немојте да се грижите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото – од облеката? Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава не се облече така, како еден од нив. Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе стори за вас, маловерни!? Па затоа, не грижете се и не говорете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘ Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е неговата неволја.“
Матеј 6:16-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“А кога постите, не бидете тажни како лицемерите; зашто си ги помрачуваат лицата, за да ги видат луѓето дека постат; вистина ви велам, ја имат својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице, за да не те видат луѓето дека постиш, но твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“ “Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што кра-дци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.“ “Светилото на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осве-тлено; но ако твоето око е лукаво, целото твое тело ќе биде те-мно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, колкава ќе биде темнината!“ “Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.“ “Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката? Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив? Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот? Зошто се грижите и за облеклото? Погле-днете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни? И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова. Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сѐ тоа ќе ви се додаде. И така, не грижете се за утре-шниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.“