Матеј 5:3-9
Матеј 5:3-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство! Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени! Благословени се кротките луѓе, зашто тие ќе бидат наследниците на Земјата! Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени! Благословени се милостивите луѓе, зашто тие ќе бидат помилувани! Благословени се луѓето со чисто срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Благословени се миротворците, зашто тие ќе бидат прогласени за Божји деца!
Матеј 5:3-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Матеј 5:3-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно! Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Бла-жени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!