Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 4:18-25

Матеј 4:18-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Одејќи по брегот на Галилејското Езеро, Исус виде двајца браќа: Симон подоцна наречен Петар, и неговиот брат Андреј. Тие поставуваа мрежа во езерото, бидејќи по занает беа рибари. Исус ги повика: „Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе!“ Тие веднаш ги оставија своите мрежи и тргнаа по Него. Одејќи понатаму, Исус виде и повика уште двајца браќа: Јаков и Јован, синови на Завдај, кои, заедно со својот татко Завдај се наоѓаа во своето бротче и си ги подготвуваа рибарските мрежи. Тие веднаш ги оставија бротчето и татка си и тргнаа по Исус. Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по синагогите, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство и исцелувајќи секакви болести и заболувања кај луѓето. Гласот за Него се рашири дури и во Сирија и кај Него ги доведуваа сите заболени од разни болести, луѓе обземени со демонски духови, епилептичари и парализирани и Исус ги исцелуваше. По Него тргна голема толпа народ од покраините Галилеја и Декаполис, како и од Ерусалим, од Јудеја и од пределите источно од реката Јордан.

Матеј 4:18-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ И ете, тие веднаш ги оставија мре­жите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи понатаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нив­ни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика. И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него. И одеше Исус по цела Галилеја поучувајќи по синагогите, проповедајќи го Евангелието на Царството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот. Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведуваа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, ме­се­ча­ри, фатени, а Тој ги оздравуваше. И по Него одеше многу народ од Галилеја, Десеттоградието, Ерусалим и Јудеја, отаде Јордан.

Матеј 4:18-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога одеше покрај Галилеј-ското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа ри-бари, па им рече: „Дојдете по Мене и Јас ќе ве направам рибари на луѓе!“ А тие веднаш ги оставија мрежите и Го следеа. И кога отиде оттаму, виде натаму други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со татка им Заведеј, како ги крпат своите мрежи, и ги повика. И тие веднаш ги оставија коработ и татка си и Го следеа. И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Еванге-лието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот. И се разнесе глас за Него по цела Сирија; и ги доведуваа при Него сите болни, кои страдаа од разни болести и маки, опфатени од демони, месечари и фатени, и ги излечи. И Го сле-деше големо мноштво од Галилеја и Десеттоградието, од Ерусалим и Јудеја, и отаде Јордан.