Матеј 4:18-20
Матеј 4:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
Матеј 4:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Одејќи по брегот на Галилејското Езеро, Исус виде двајца браќа: Симон подоцна наречен Петар, и неговиот брат Андреј. Тие поставуваа мрежа во езерото, бидејќи по занает беа рибари. Исус ги повика: „Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе!“ Тие веднаш ги оставија своите мрежи и тргнаа по Него.
Матеј 4:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога одеше покрај Галилеј-ското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа ри-бари, па им рече: „Дојдете по Мене и Јас ќе ве направам рибари на луѓе!“ А тие веднаш ги оставија мрежите и Го следеа.