Матеј 3:16-17
Матеј 3:16-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
И тукушто се крсти Исус и излегуваше од водата, наеднаш небото се отвори и Јован го виде Божјиот Дух, во облик на гулаб, како слегува и се спушти над Исус. Се чу и глас од небото, кој рече: „Ова е Мојот Син Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“
Матеј 3:16-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“
Матеј 3:16-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“