Матеј 28:18-20
Матеј 28:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Приближувајќи им се, Исус им рече: „Ми се даде целата власт, на небото и на Земјата. Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици; крштавајте ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух; Учете ги новите следбеници да го извршуваат сето она што вам ви го заповедав. А Јас ви ветувам дека секојдневно ќе бидам со вас, се до свршетокот на времето. Амин!“
Матеј 28:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“
Матеј 28:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата. Затоа одете и направете од сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да го чуваат сето она што ви го заповедав! И еве, Јас Сум со вас во сите дни до крајот на светот.