Матеј 27:45-50
Матеј 27:45-50 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А од шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час; а околу деветтиот час извика Исус со висок глас и рече: „Или! Или! Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“ А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие. Другите, пак, велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спаси!“ А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот.
Матеј 27:45-50 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Меѓу дванаесет и петнаесет часот над целата земја се спушти густа темнина. Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’ма ш’вактани?“ што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“ Некои од присутните Го слушнаа ова и рекоа: „Го довикува пророкот Илија!“ Еден од нив веднаш истрча, накваси сунѓер во оцет, го закачи на врвот од трска и Му понуди на Исус да се напие. Другите, пак, говореа: „Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“ Исус уште еднаш извика со силен глас и умре.
Матеј 27:45-50 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час. Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?“ А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во киселина, ја надена на трска, и Му даваше да пие. А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“ А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот.