Матеј 27:11-14
Матеј 27:11-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“ И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Тој ништо не одговараше. Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“ И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу.
Матеј 27:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус беше доведен пред римскиот гувернер Пилат, кој Го запраша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“ А кога свештеничките поглавари и старешините почнаа да ги изнесуваат своите обвинувања против Него, Исус молчеше. Тогаш Пилат Му рече: „Зар не ги слушаш овие тешки обвиненија против Тебе?“ Но Исус воопшто не му одговараше, на што гувернерот многу се чудеше.
Матеј 27:11-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Исус застана пред управителот, и управителот Го праша: „Ти ли си Јудејски цар?“ А Исус рече: „Ти велиш“. И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, не одговараше ни-што. Тогаш Пилат Му рече: „Зар не слушаш што сѐ сведочат против Тебе?“ И не му одговори ниту на еден збор, така што управителот се чудеше многу.