Матеј 25:24-26
Матеј 25:24-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На крајот пристапил и слугата што беше добил илјада златници и рекол: ,Господару, знаев дека си ти строг човек: жнееш каде што не си сеел и береш каде што не си садел. Се исплашив дека ќе ги загубам доверените златници, па отидов и ги закопав. Еве, ти го враќам твоето.‘ Тогаш неговиот господар му рекол: ,Лош и мрзлив слуго! Штом си знаел дека сум строг човек и дека жнеам каде што не сум сеел и берам каде што не сум садел
Матеј 25:24-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си веел, па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел
Матеј 25:24-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога пристапи оној, кој примил еден талант, рече: ‘Гос-подаре, знаев дека си ти строг човек, жниеш каде што не си сеел и собираш каде што не си веел; се исплашив, отидов и го скрив твојот талант во земјата. Еве, го имаш своето!’ А неговиот господар одговори и рече: ‘Зол и мрзлив слуго, знаеше дека жнијам, каде што не сум сеел и дека собирам, каде што не сум веел