Матеј 22:8-14
Матеј 22:8-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш им рече на своите слуги: ‘Гозбата е готова! - но повиканите не беа достојни. Затоа излезете на рас-крсниците и колку ќе најдете, поканете ги на свадбата.’ И слугите излегоа на патиштата и ги доведоа сите, кои ги најдоа: лошите и добрите, и свадбата се наполни со гости. А кога царот влезе да ги види гостите, виде таму еден човек, кој не беше облечен во свадбена облека. И му рече: ‘Пријателе, како влезе тука без свадбена руба?’ А тој молчеше. Тогаш царот им рече на служителите: ‘Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и чкртање со забите!’ Зашто мнозина се повикани, но малку се избрани!“
Матеј 22:8-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘ Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости. Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува: ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи. Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘ Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус.
Матеј 22:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости. Кога влезе царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбени алишта. Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше. Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘ зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани.“