Матеј 22:41-45
Матеј 22:41-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“ Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘ И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш може Тој да Му е син?“
Матеј 22:41-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога се насобраа поголем број фарисеи, Исус ги запраша: „Што мислите, чиј потомок е Месијата?“ Тие Му одговорија: „Давидов!“ А Исус им рече: „Како тогаш Давид, поттикнат од Божјиот Дух, го нарече Месијата ,Господ‘, кога рече: ,Му рече Јахве на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна, додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘ Значи, ако Давид го нарече Месијата ,Господ‘, како може, тогаш, Тој да му биде потомок?“
Матеј 22:41-45 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога фарисеите беа собрани, Исус ги праша: “Што мислите за Христа? Чиј Син е?“ Му рекоа: „Давидов.“ Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот, Го наречува Господ, велејќи: ’Му рече Господ на мојот Господ: ‘Седни од Мојата десна страна, додека ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе’? И така, кога Давид Го наречува Господ, како Му е Син?“