Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 22:15-22

Матеј 22:15-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш фарисеите се повлекоа и почнаа да се договараат како да го уловат Исус да каже нешто за што ќе можат да Го обвинат. Испратија кај Него некои од своите ученици и од приврзаниците на Ирод, да Го прашаат: „Учителе, познато ни е дека Ти си справедлив и дека секогаш ја зборуваш вистината за Божјиот пат, без оглед на тоа што ќе мислат луѓето, зашто не гледаш кој е кој. Кажи ни, тогаш, според Тебе, право ли е да му плаќаме данок на римскиот император или не?“ А Исус, знаејќи ја нивната подмолна намера, им рече: „Лицемери едни! Зошто сакате да Ми поставите стапица? Покажете ми една римска пара со која плаќате данок!“ Тие му подадоа една пара, а Тој ги праша: „Чиј лик и име се втиснати на парава?“ „На императорот!“ му одговорија тие. Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога тоа што Му припаѓа на Бога!“ Тие останаа вчудовидени од ваквиот одговор, па Го оставија и си заминаа.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност