Матеј 21:12-13
Матеј 21:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите кои купуваа и продаваа во храмот. Им ги преврте масите на менувачите на пари и тезгите на продавачите на гулаби, и им рече: „Во Светото Писмо пишува дека Бог рекол: ,Мојот храм нека биде место за молитва.‘ А вие го претворивте во разбојничко дувло!“
Матеј 21:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние што продаваа гулаби, и им рече: „Напишано е: ‚Домот Мој нека биде дом за молитва‘, а вие го направивте како разбојничка пештера.“
Матеј 21:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Исус влезе во Храмот и ги истера сите, кои купуваа и продаваа во Храмот, па им ги преврте столовите на менувачите на сребреници, и столиците на продавачите на гулаби, и им рече: „Напишано е: Мојот Дом ќе биде наречен Дом На Молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.“