Матеј 20:17-19
Матеј 20:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Одејќи кон Ерусалим, Исус ги тргна настрана дванаесеттемина и додека чекореа по патот, им рече: „Еве, на пат сме кон Ерусалим; таму Јас, Синот Човечки, ќе им бидам предаден на свештеничките поглавари и на вероучителите. Тие ќе Ме осудат на смрт и ќе Ме предадат на Римјаните да Ми се подбиваат, да Ме камшикуваат и да Ме распнат. Но на третиот ден Јас ќе воскреснам.“
Матеј 20:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече: „Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и тепан, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Матеј 20:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога Исус се искачуваше кон Ерусалим, ги зеде Дванаесетми-ната насамо и им рече патем: “Еве, одиме горе кон Ерусалим, и Човечкиот Син ќе им биде преда-ден на првосвештениците и книж-ниците, и ќе Го осудат на смрт, и ќе им Го предадат на многу-бошците, за да Му се потсмеват, да Го бијат и да Го распнат, и на третиот ден ќе воскресне.“