Матеј 20:11-14
Матеј 20:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Штом ги примија парите, тие почнаа да мрморат против господарот, велејќи: ,Овие последниве работеа само еден час, а ти ги израмни со нас, кои се мачевме цел ден на жегата!‘ Обраќајќи му се на еден од нив, тој му рече: ,Пријателе, јас тебе не те оштетив. Зар не се погодивме за надницата? Земи си ја и оди си! А јас сакам да му платам на последниот колку и тебе
Матеј 20:11-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
и штом добија, негодуваа против господарот и велеа: ‚Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘ А тој им одговори и му рече на еден од нив: ‚Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за денариј? Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе
Матеј 20:11-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Штом го примија, негодуваа против домаќинот, велејќи: „Послед-ниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, кои ги претрпевме тегобата на денот и жегата.“ А тој му одговори на еден од нив и рече: „Пријателе, не ти правам неправда; зар не се погоди со мене за денариј? Земи го своето и оди си; а јас сакам на последниов да му дадам колку и тебе.