Матеј 2:4-6
Матеј 2:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога ги собра сите првосвештеници и книжници од народот, ги праша: „Каде треба да се роди Христос?“ А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот: ‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ – Израел.‘“
Матеј 2:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тој ги повика сите поглавари меѓу свештениците и сите вероучители меѓу народот, за да ги праша, каде треба да се роди Месијата. Тие му одговорија: „Во градот Витлеем, кој се наоѓа во покраината Јудеја; зашто, еве како запишал пророкот Михеј: Ти Витлееме, во јудејската земја, по ништо не заостануваш зад водечките градови во Јудеја, зашто од тебе ќе произлезе Водач Кој ќе му биде Пастир на мојот народ Израел.‘“
Матеј 2:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ги собра сите главни свештеници и народните книжници и ги распрашуваше каде треба да се роди Христос. А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски, зашто пророкот напиша така: ’И ти, Витлееме, земјо Јудина, никако не си помал меѓу Јудините првенци, зашто од тебе ќе излезе Владетел, Кој ќе го пасе Мојот народ Израел.’