Матеј 2:19-23
Матеј 2:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и врати се во израелската земја, зашто изумреа тие што сакаа да Му го одземат животот на Детето.“ Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му и сите се вратија во израелската земја. Меѓутоа, кога Јосиф дозна дека во Јудеја, на местото на Ирод дошол на власт неговиот син Архелај, се исплаши да појде таму. Па откако насон прими упатства, замина во покраината Галилеја. Таму се насели во градот Назарет, со што се исполнуваше претскажаното од пророците дека Месијата ќе Го викаат „Назареќанец“.
Матеј 2:19-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога умре Ирод, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон, во Египет, и му рече: „Стани, земи Го Детето и Неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на Детето.“ И тој стана, го зеде Детето и Неговата мајка, и дојде во земјата Израелева. Но кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; туку предупреден од Бога во сон отиде во пределите Галилејски; и откако дојде се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни реченото од пророците дека ќе се нарече Назареец.
Матеј 2:19-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А по смртта на Ирод, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф во Египет и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и врати се во земјата израелска, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“ Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израелска. Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото татка си Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби порака на сон, тој замина во галилејските предели. А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека Тој ќе се нарече Назареец.