Матеј 19:3-8
Матеј 19:3-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Некои од фарисеите Му пријдоа на Исус и, сакајќи да Му постават замка, го прашаа: „Дали е во согласност со верскиот Закон мажот да има право да се разведе од својата жена за каква и да е причина?“ Исус им одговори: „Зар не сте читале во Светото Писмо дека на почетокот Творецот создаде маж и жена, и дека тогаш Тој рече: ,При стапување во брак, човекот ќе се одвои од својот татко и од својата мајка и ќе се присоедини кон својата жена и двајцата ќе станат едно тело?‘ Според тоа, тие не се повеќе двајца, туку еден. Никој не смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак!“ На ова, тие Го прашаа: „Тогаш, зошто Мојсеј издаде уредба според која мажот може да ја отпушти својата жена ако ђ даде потврда за развод?“ А Исус им одговори: „Мојсеј ви дозволи да се разведувате од вашите жени бидејќи вие сте луѓе со закоравени срца. Но, на почетокот не беше така.
Матеј 19:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојдоа кај Него фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ Тој им одговори и рече: „Не ли сте читале, дека Оној што ги создаде во почетокот, маж и жена ги создаде, и рече: ‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.‘ Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“ Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно писмо и да ја напушти?“ Тој им одговори: „Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви дозволи да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така.
Матеј 19:3-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И фарисеите Му пристапија, Го искушуваа и рекоа: „Дали смее човек да ја остави својата жена по секаква причина?“ А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско, и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’ Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!“ И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ се даде разводно писмо на жената и да се остави?“ Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така.