Матеј 19:27-30
Матеј 19:27-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сѐ, и по Тебе одиме: што ќе стане, со нас?“ А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израелови колена; и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен. Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“
Матеј 19:27-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Ете, ние оставивме си и станавме Твои следбеници. Што ќе добиеме за возврат?“ Исус им рече: „Ве уверувам вас, коишто станавте Мои следбеници, дека во новиот свет, кога Јас, Синот Човечки, ќе седнам на Својот славен престол, вие ќе седнете на дванаесет престоли и ќе владеете над дванаесетте Израелски племиња. А секој од вас што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви заради Мене ќе добие стопати повеќе, а ќе наследи и вечен живот. Но мнозина кои сега се први, ќе бидат последни, а мнозина кои сега се последни, ќе бидат први.“
Матеј 19:27-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Петар одговори и Му рече: „Еве, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе; и така, ние што ќе имаме?“ А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие - кои тргнавте по Мене, во преродбата - кога Човечкиот Син ќе седне на престолот на Својата слава, и сами ќе седнете на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелеви племиња. И секој, кој заради Моето име ќе остави: куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, ќе прими стократно и ќе наследи вечен живот. Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“