Матеј 19:23-26
Матеј 19:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Навистина, на богатите ќе им биде многу тешко да влезат во небесното царство. Ве уверувам дека полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во небесното царство!“ Слушајќи го ова, учениците се зачудија и Го прашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ Исус го впери погледот во нив и им рече: „За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!“
Матеј 19:23-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.“ Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“
Матеј 19:23-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам: богат мачно ќе влезе во небесното царство!“ И пак ви велам: „Полесно ѝ е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.“ Кога учени-ците го чуја тоа се зачудија мошне и рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Исус ги погледна и им рече: „На луѓето ова им е невозможно, но за Бога сѐ е возможно.“