Матеј 19:13-15
Матеј 19:13-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија. А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.“ И ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму.
Матеј 19:13-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Некои луѓе ги носеа своите дечиња кај Исус за да ги положи рацете над нив и да се моли за нив. Учениците, пак, ги одвраќаа, на што Исус им рече: „Пуштете ги децата да дојдат кај Мене, и не одвраќајте ги, зашто небесното царство им припаѓа на таквите како нив!“ Откако Исус ги положи рацете врз нив и ги благослови, си замина оттаму.
Матеј 19:13-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш кај Него доведоа деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им забрануваа. Но Исус рече: „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“ И откако ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму.