Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 19:1-9

Матеј 19:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Откако го доврши ова излагање, Исус си замина од Галилеја и дојде на јудејска територија, од спротивната страна на реката Јордан. Голема толпа народ одеше по Него и Тој ги исцелуваше болните. Некои од фарисеите Му пријдоа на Исус и, сакајќи да Му постават замка, го прашаа: „Дали е во согласност со верскиот Закон мажот да има право да се разведе од својата жена за каква и да е причина?“ Исус им одговори: „Зар не сте читале во Светото Писмо дека на почетокот Творецот создаде маж и жена, и дека тогаш Тој рече: ,При стапување во брак, човекот ќе се одвои од својот татко и од својата мајка и ќе се присоедини кон својата жена и двајцата ќе станат едно тело?‘ Според тоа, тие не се повеќе двајца, туку еден. Никој не смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак!“ На ова, тие Го прашаа: „Тогаш, зошто Мојсеј издаде уредба според која мажот може да ја отпушти својата жена ако ђ даде потврда за развод?“ А Исус им одговори: „Мојсеј ви дозволи да се разведувате од вашите жени бидејќи вие сте луѓе со закоравени срца. Но, на почетокот не беше така. Затоа ви велам дека секој човек што ќе се разведе од својата жена, освен по основа на брачно неверство, извршува прељуба доколку се ожени со друга; и тој што ќе се ожени со распуштеница, исто така, врши прељуба.“

Матеј 19:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога ги заврши Исус тие збо­рови, тргна од Галилеја и прис­тиг­на во пределите јудејски, отаде Јордан. По Него појде многу народ и Тој ги исцели таму. И дојдоа кај Него фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли чо­век да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ Тој им одговори и рече: „Не ли сте читале, дека Оној што ги создаде во по­четокот, маж и жена ги создаде, и рече: ‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе би­дат обата едно тело.‘ Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“ Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно пис­мо и да ја напушти?“ Тој им одговори: „Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви дозволи да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така. Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја ос­тави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, тој извршува прељуба; и оној, што ќе се ожени со на­пуштена, исто така прељубодејствува.“

Матеј 19:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога Исус ги заврши тие зборови, отиде од Галилеја и дојде до пределите на Јудеја отаде Јордан. И големо множе-ство тргна по Него, а Тој ги оздрави таму. И фарисеите Му пристапија, Го искушуваа и рекоа: „Дали смее човек да ја остави својата жена по секаква причина?“ А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско, и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’ Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!“ И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ се даде разводно писмо на жената и да се остави?“ Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така. Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност