Матеј 18:12-14
Матеј 18:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Што мислите? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца? Па, ако ја најде, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени. Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе.“
Матеј 18:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Што мислите: ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да појде по ридот да ја бара загубената? Па кога ќе ја најде, сигурно ќе ђ се радува повеќе отколку на деведесет и деветте кои не се загубиле! Така ни вашиот небесен Татко не сака да се загуби ниедна душа, макар и од овие најмалечкиве.“
Матеј 18:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како ви се гледа? Ако некој човек има сто овци, и едната од нив залута, нема ли да ги остави деведесет и деветте по планините, и да појде да ја бара залутаната? И ако се случи да ја најде, вистина ви велам дека тој се радува за неа повеќе, отколку за деведесет и деветте, што не залутале. Така, не е волјата на вашиот Татко, Кој е во небесата да загине едно од овие, маливе.“