Матеј 17:1-3
Матеј 17:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
По шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар и браќата Јаков и Јован и ги поведе насамо на една висока планина. Таму Тој се преобрази пред нив: лицето Му болсна како Сонцето, а облеката му стана блескаво бела, како светлина. Наеднаш се појавија Мојсеј и пророкот Илија и разговараа со Исус.
Матеј 17:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А по шест дни Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јован, и ги изведе на висока гора сами; и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.
Матеј 17:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И по шест дни Исус ги зеде со Себе: Петра, и Јакова и брата му Јована, и ги изведе на висока гора насамо. И беше преобразен пред нив, лицето Му светна како сонцето, а Неговата облека стана бела како светлината. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија и разговараа со Него.