Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 16:13-19

Матеј 16:13-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Пристигнувајќи во околината на градот Цезареја Филипова, Исус ги запраша Своите ученици: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“ А тие одговорија: „Едни велат дека Си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека Си пророкот Еремија или еден од пророците.“ „А за кого Ме сметате вие?“ ги праша Исус. Симон Петар прв се произнесе: „Ти Си Месијата Синот на живиот Бог!“ Тогаш Исус му рече: „Ти си благословен, Симоне, сине Јованов! Зашто ова сознание не ти е објавено од човек, туку од Мојот небесен Татко! Затоа Јас ти велам: ,Ти си Петар‘ (што значи ,карпа‘), и врз оваа карпа Јас ќе ја изградам Мојата Црква, така што ни адските порти не ќе можат да го запрат нејзиниот пробив! И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство: тоа што ќе го затвориш на Земјата ќе биде затворено и на небесата; а тоа што ќе го отвориш на Земјата, ќе биде отворено и на небесата.“

Матеј 16:13-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога дојде Исус во областа на Ке­сарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето, кој е Синот Човечки?“ Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците.“ А Тој им рече: „А вие, што мисли­те, Кој сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. И ќе ти ги дадам клучевите од не­бесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“

Матеј 16:13-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога Исус дојде во околината на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето, Кој е Синот Чове-чки?“ А тие рекоа: „Едни велат дека е Јован Крстител; други Илија, а други пак Еремија или еден од пророците.“ Тој им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.“ Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата. И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност