Матеј 16:13-16
Матеј 16:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Пристигнувајќи во околината на градот Цезареја Филипова, Исус ги запраша Своите ученици: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“ А тие одговорија: „Едни велат дека Си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека Си пророкот Еремија или еден од пророците.“ „А за кого Ме сметате вие?“ ги праша Исус. Симон Петар прв се произнесе: „Ти Си Месијата Синот на живиот Бог!“
Матеј 16:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога дојде Исус во областа на Кесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето, кој е Синот Човечки?“ Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците.“ А Тој им рече: „А вие, што мислите, Кој сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“
Матеј 16:13-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Исус дојде во околината на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето, Кој е Синот Чове-чки?“ А тие рекоа: „Едни велат дека е Јован Крстител; други Илија, а други пак Еремија или еден од пророците.“ Тој им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.“