Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 15:1-9

Матеј 15:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи: „Зошто учениците Твои не го за­па­зуваат преданието на старите? Зошто не си ги мијат рацете кога јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Па зо­што и вие ја престапувате Божјата за­повед заради вашето предание? Зашто Бог заповедал и рекол: ‚По­читувај ги татко си и мајка си‘, и ‚кој го­вори лошо против таткото свој или мај­ка си, со смрт да се казни‘. А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, е ветено за Господ‘, тогаш тој може да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради ва­шето предание! Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: ‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме по­чи­ту­ва, а срцето негово стои далеку од Ме­не; но напразно Ме почитува, зашто про­поведа човечки повелби.‘“

Матеј 15:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Во тоа време од Ерусалим дојдоа кај Исус некои фарисеи и вероучители и Го запрашаа: „Зошто Твоите ученици не ги почитуваат нашите стари обичаи!? На пример, тие не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење!“ А Исус им одговори: „А зошто вие, со вашите обичаи, ги кршите Божјите заповеди!? На пример, Бог заповедал вака: ,Почитувај ги мајка си и татка си. Кој ќе проколне татко или мајка да се казни со смрт!‘ А вие велите: ,Доволно е само некој да рече дека имотот што го има му го посветува на Бога, и со тоа се ослободува од обврската да ги издржува своите родители!‘ На тој начин, со своите преданија вие ја укинавте Божјата заповед! Лицемери! Имаше право Бог кога преку пророкот Исаија за вас напиша: ,Овој народ со усните Ме почитува, но срцето му е далеку од Мене! Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘“

Матеј 15:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш фарисеите и книж-ниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: “Зошто Твоите ученици го пре-стапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.“ А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание? Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’ а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога, тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. Лице-мери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’“