Матеј 14:34-36
Матеј 14:34-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога допловија на другата страна дојдоа на Генисаретска земја. Таму луѓето ги препознаа и разгласија по целата околина, па Му ги доведуваа сите болни, кои Го молеа да им дозволи да се допрат барем до работ на Неговата облека; и секој што ќе се допреше, оздравуваше.
Матеј 14:34-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па откако преминаа, дојдоа во земјата генисаретска. Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа кај Него сите болни. И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, се излекуваа.
Матеј 14:34-36 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога преминаа, дојдоа во Генисаретската земја. И кога Го познаа луѓето од тоа место, испра-тија по целата онаа околија и Му ги донесоа сите кои беа болни, и Го молеа да се допрат само до ре-сите на Неговата облека; и колку и да се допреа, сите се исцелуваа.