Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 14:25-33

Матеј 14:25-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Некаде меѓу три и шест часот наутро Исус се упати кон нив, чекорејќи по водата. Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат. Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“ Во одговор, Петар Му рече: „Господе, ако си навистина Ти, направи да дојдам до Тебе газејќи врз водата!“ „Дојди!“ му рече Исус. Тогаш Петар се спушти од бродот и се упати кон Исус одејќи по водата. Но кога ги виде високите бранови, се исплаши и почна да пропаѓа во водата и да вика: „Господе, спасувај!“ Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“ Штом влегоа во бротчето, ветрот престана. Учениците кои беа во бродот паднаа ничкум пред Него и Му рекоа: „Ти Си навистина Божјиот Син!“

Матеј 14:25-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Но на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по мо­рето. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“ А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“ И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исус; но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика: „Гос­поди, спаси ме!“ Исус веднаш му подаде рака, го фа­ти и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“ И кога влегоа во коработ, ветрот престана. А оние што беа во коработ Му пристапија, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Синот Божји!“