Матеј 14:22-27
Матеј 14:22-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И веднаш ги повика Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот. Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот дуваше спротивно. Но на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по морето. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“
Матеј 14:22-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И веднаш ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат пред Него на другата страна, додека да го распушти народот. И штом го распушти народот, се искачи на гората, за да се моли насамо. А кога се свечери, беше Сам таму. А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен. А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и извикаа од страв. А Исус веднаш им прого-вори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.“
Матеј 14:22-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротче и да испловат пред Него кон спротивната страна на езерото, додека Тој не го отпушти народот. Штом го отпушти народот, Тој се искачи на гората да се моли насамо. Веќе беше ноќ, а Тој си уште беше таму сам. А бротчето се наоѓаше сред езеро, под удар на силни бранови, зашто дуваше силен ветар во спротивна насока. Некаде меѓу три и шест часот наутро Исус се упати кон нив, чекорејќи по водата. Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат. Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“