Матеј 14:16-19
Матеј 14:16-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А Исус им рече:„Нема потреба да одат; дајте им вие нешто да јадат.“ Тие Му одговорија: „Ние имаме овде само пет леба и две риби!“ „Донесете ми ги!“ им рече Исус. Тогаш им рече на луѓето да поседнат по тревата, а Тој ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им ги даде на учениците, а тие им ги разделија на луѓето.
Матеј 14:16-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“ Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“ И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
Матеј 14:16-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но Исус им рече: „Нема потреба да одат, дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Тука немаме ништо, но само пет лебови и две риби.“ А Тој им рече: „Донесете Ми ги тука.“ И заповеда народот да седне по тревата; ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото и благослови; ги раскрши лебовите и им ги даде на учениците, а учениците на мноштвата.