Матеј 11:28-30
Матеј 11:28-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Дојдете кај Мене сите вие кои сте изморени и натоварени со тешки бремиња, Јас ќе ве одморам! Земете го Мојот јарем на себе и дозволете Ми да ве научам, бидејќи Јас сум со нежен и кроток дух, и тогаш вашите души ќе се успокојат. Јаремот Мој е лесен, како што е лесен и товарот што ви го давам.“
Матеј 11:28-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши. Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“
Матеј 11:28-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.“