Матеј 10:34-39
Матеј 10:34-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни. Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, повторно ќе си го најде.“
Матеј 10:34-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Немојте да мислите дека дојдов да воспоставам мир на Земјата! Не дојдов да донесам мир, туку меч! Зашто, Јас дојдов да противставам син против татко, ќерка против мајка и снаа против свекрва; на човекот ќе му произлезат непријатели од сопственото семејство!“ „Кој има поголема љубов спрема татка си или мајка си одошто спрема Мене, не е достоен да ми биде ученик; кој има поголема љубов спрема сина си или ќерка си одошто спрема Мене не е достоен да ми биде ученик. Секој што настојува грчовито да си го чува животот за себеси ќе го загуби; а оној што ќе го жртвува заради Мене пак ќе си го најде!“
Матеј 10:34-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни. Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, повторно ќе си го најде.“
Матеј 10:34-39 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка, и снаата од нејзината свекрва, и непријатели на чове-кот ќе бидат неговите домашни. Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го зема својот крст и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Кој ќе ја најде својата душа, ќе ја изгуби; и кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде.“