Матеј 10:32-33
Матеј 10:32-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Секој што ќе Ме признае Мене јавно пред луѓето, ќе го признаам и Јас јавно, пред Мојот небесен Татко. А секој што ќе се откаже од Мене пред луѓето, ќе се откажам и Јас од него, пред Мојот небесен Татко.“
Матеј 10:32-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец небесен. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.“
Матеј 10:32-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“И така, секој кој Ме признава Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Татко, Кој е во небесата. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.“