Матеј 10:29-32
Матеј 10:29-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Зар не се продаваат две врапчиња за една паричка? Па сепак, ниедно од нив не паѓа наземи, ако тоа не го дозволи вашиот небесен Татко. А вам и влакната на главата ви се броени! Затоа, не плашете се; вие сте многу поскапоцени од јата врапчиња!“ „Секој што ќе Ме признае Мене јавно пред луѓето, ќе го признаам и Јас јавно, пред Мојот небесен Татко.
Матеј 10:29-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец. А вам и влакната на главата ви се изброени. Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.“ „И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец небесен.
Матеј 10:29-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не се продаваат ли две врапчиња за асариј? Па ниедно од нив не паѓа на земјата без волјата на вашиот Татко. А вам ви се изброени дури и влакната на главата. И така, не бојте се. Вие сте поскапи од многу врапчиња.“ “И така, секој кој Ме признава Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.