Лука 9:1-6
Лука 9:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еден ден, Исус ги повика Своите дванаесет ученици и им даде моќ, овластувајќи ги да истеруваат демонски духови и да исцелуваат болести. Потоа ги испрати да проповедаат за Божјото царство и да исцелуваат болни, давајќи им ги следниве упатства: „Ништо не понесувајте на пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни пари, ниту облека за пресоблекување! Кога ќе дојдете во некоја куќа каде што ќе ви укажат гостоприемство, останете таму сe додека не си заминете од тој крај. Онаму каде што нема да ве примат, напуштете го тој град и истресете го правот од своите нозе, како сведоштво против нив.“ Учениците заминаа и обиколувајќи ги селата ја проповедаа Радосната вест и исцелуваа болни насекаде.
Лука 9:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Откако ги повика Дванаесетмината, им даде сила и власт над сите нечисти духови, и да лекуваат болести. И потоа ги прати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни. И им рече: „Не земајте ништо за по пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребро, ниту по две облеки да имате! Но, во која куќа ќе влезете, тука останувајте, и оттаму тргнувајте на пат. А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од нозете свои, за сведоштво против нив.“ А кога излегоа, тие одеа по селата проповедајќи го Евангелието и лекувајќи насекаде.
Лука 9:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ги повика Дванаесетмината и им даде сила и власт, над сите нечисти духови и да лекуваат болни. И ги испрати да го проповедаат Божјото Царство и да исцелуваат болни. И им рече: „Не земајте ништо за пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребреници! Ниту да имате по две облеки. И во која куќа и да влезете, останете и оттаму тргнувајте. И ако некои не ве примат, излезете од нивниот град, истресете го правот од своите нозе, за сведоштво против нив!“ Тогаш отидоа и одеа по селата, проповедувајќи го Еван-гелието и исцелувајќи насекаде.