Лука 7:4-6
Лука 7:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога стигнаа при Исуса, Го молеа усрдно, велејќи: „Заслужува да го направиш тоа за него, зашто го љуби нашиот на-род. И синагога ни изгради.“ Исус тргна со нив. И кога веќе не беше далеку од куќата, стотникот испрати пријатели да Му речат: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив.
Лука 7:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тие дојдоа кај Исуса и почнаа мошне сесрдно да Го молат, велејќи: „Овој човек заслужува да му излезеш во пресрет. Тој го сака нашиот народ и ни изгради синагога.“ Исус тргна со нив. Кога наближи до куќата, офицерот испрати луѓе да Му порачаат: „Господине, не труди се понатаму, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив
Лука 7:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А тие, кога дојдоа кај Исус, Го молеа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа, зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“ И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите свои кај Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив