Лука 6:46-49
Лука 6:46-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Зошто Ми се обраќате со ,Господе, Господе!‘, а не го вршите тоа што ви го зборувам? Ќе ви кажам со што може да се спореди човек што доаѓа кај Мене, за да ги слуша и извршува Моите зборови: Тој може да се спореди со ѕидар што гради куќа, копа длабоко и ги поставува темелите врз камена подлога. Кога ќе надојде поплава и реката силно ќе нагрвали врз куќата, не ќе може да ја поткопа, зашто куќата е добро изградена. А оној што ги слуша Моите зборови, а не ги извршува, може да се спореди со ѕидар што си подига куќа врз земја, без темели. Кога реката ќе нагрвали врз куќата - таа наеднаш ќе падне, со стравотен тресок!“
Лука 6:46-49 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам? Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува. Тој прилега на човек кој градел куќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на камен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и остана голема урнатина од таа куќа.“
Лука 6:46-49 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И зошто Ме нарекувате: ‘Господи! Господи!’ а не го правите она, што го велам?“ Секој кој доаѓа при Мене и ги слуша Моите зборови, и ги исполнува, ќе ви кажам кому му е сличен. Сличен е на човек, кој гради куќа: ископал длабоко и поставил основи на камен, а кога стана наводнение реката се насочи кон куќата, но не можеше да ја помрдне, зашто беше добро изгра-дена. А кој слуша и не исполнува, приличи на човек, кој соѕидал куќа на земја, без основи. Реката се насочи кон неа, и таа се урна веднаш, и паѓањето на таа куќа беше големо.“