Лука 6:27-31
Лука 6:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Но вам, што Ме слушате, ви велам: покажувајте љубов спрема своите непријатели! Правете им добро на оние што ве мразат! Благословувајте ги оние што ве проколнуваат! Молете се за оние што ве навредуваат. На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот! На оној што сака да ти го земе палтото, дај му ја и кошулата! На оној што бара нешто од тебе - дај му. Од оној што зел нешто твое - не барај да ти го врати! Постапувајте со луѓето онака, како што сакате тие да постапуваат со вас!
Лука 6:27-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат! На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата. Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
Лука 6:27-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но, на вас - кои слушате - ви велам: „Љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние, кои ве мразат. Благословувајте ги оние, кои ве колнат; молете се за оние, кои ве навредуваат. На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата. Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе. И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним.