Лука 6:12-16
Лука 6:12-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во тие дни се искачи на гората, за да се моли; и ја помина ноќта, молејќи Му се на Бога. А кога се раздени, ги повика Своите ученици и од нив избра Дванаесетмина, кои и ги нарече апостоли: Симон, кого го нарече и Петар, и брата му Андреја; Јакова и Јована; Филипа и Вартоломеја; Матеја и Тома; Јакова Алфеев и Симона, наречен Зилот; Јуда Јаковов и Јуда Искариотски кој стана и предавник.
Лука 6:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во тоа време Исус отиде на блиската гора да се моли. Цела ноќ Му се молеше на Бог. На разденување ги повика кај Себе сите Свои ученици, одбра дванаесет од нив и ги наименува за Свои апостоли. Тоа се: Симон, кого Тој го нарече Петар, и неговиот брат Андреј; Јаков и Јован; Филип и Бартоломеј; Матеј и Тома; Јаков Алфеев и Симон, наречен ,Патриот‘, Јуда - братот на Јаков и Јуда Искариот, кој подоцна стана предавник.
Лука 6:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тие денови се искачи на една гора за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога. А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли: Симон, кому што му даде име Петар, и брат му Андреј, Јаков и Јован, Филип и Вартоломеј, Матеј и Тома, Јаков Алфеев и Симон, наречен Зилот. Јуда Јаковов и Јуда Искариот, кој Го предаде.