Лука 4:18-20
Лука 4:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Врз Мене почива Духот на Господ, зашто Тој Ме назначи да им ја донесам Радосната вест на бедните, да им навестам ослободување на заробените, да им го вратам видот на слепите, да ги ослободам угнетените, да го прогласам времето на Господовата лагонаклоност.“ Потоа ја затвори книгата, му ја врати на служителот и седна. Погледите на сите присутни во синагогата беа вперени во Него
Лука 4:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова!“ Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
Лука 4:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце, да им навестам на заробе-ниците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.“ Го завитка свитокот, му го врати на службе-никот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него.