Лука 4:16-21
Лука 4:16-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па стана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова!“ Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо што го чувте.“
Лука 4:16-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус се врати во Назарет, каде што беше пораснал и, како што имаше обичај, во саботата дојде во синагогата. Таму стана да чита од Светото Писмо. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија, а Тој ја отвори на местото каде што е напишано следново: „Врз Мене почива Духот на Господ, зашто Тој Ме назначи да им ја донесам Радосната вест на бедните, да им навестам ослободување на заробените, да им го вратам видот на слепите, да ги ослободам угнетените, да го прогласам времето на Господовата лагонаклоност.“ Потоа ја затвори книгата, му ја врати на служителот и седна. Погледите на сите присутни во синагогата беа вперени во Него, па Тој им се обрати: „Делот од Светото Писмо што го чувте, се исполни денес.“
Лука 4:16-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита. Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: “Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце, да им навестам на заробе-ниците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.“ Го завитка свитокот, му го врати на службе-никот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него. И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши.