Лука 4:14-19
Лука 4:14-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И се врати Исус во Галилеја во силата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај. А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите го славеа. И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па стана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова!“
Лука 4:14-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус се врати во Галилеја, исполнет со силата на Светиот Дух. Набргу Тој стана познат по целиот крај. Тој поучуваше по синагогите и сите Го фалеа. Потоа Исус се врати во Назарет, каде што беше пораснал и, како што имаше обичај, во саботата дојде во синагогата. Таму стана да чита од Светото Писмо. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија, а Тој ја отвори на местото каде што е напишано следново: „Врз Мене почива Духот на Господ, зашто Тој Ме назначи да им ја донесам Радосната вест на бедните, да им навестам ослободување на заробените, да им го вратам видот на слепите, да ги ослободам угнетените, да го прогласам времето на Господовата лагонаклоност.“
Лука 4:14-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Исус се врати, во силата на Духот, во Галилеја и гласот за Него се разнесе по целата околина. А Тој поучуваше по нивните синагоги и сите Го прославуваа. И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита. Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: “Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце, да им навестам на заробе-ниците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.“