Лука 3:4-6
Лука 3:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На Јован Крстител се однесува пророштвото запишано во Книгата на пророкот Исаија: “Глас одекнува низ пустината, кој вели: Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него! Секоја вдлабнатина да се исполни, секој врв и угорнина да се зарамнат; кривите патеки да се исправат, а нерамнините да се порамнат. Тогаш секој човек ќе го види спасението што ни го испраќа Бог!“
Лука 3:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
така како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ‚Пригответе го Господовиот пат и исправете ги патеките Негови; секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат, и секое тело ќе го види спасението Божјо!‘“
Лука 3:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
како што е напишано во книгата со зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Глас на еден, кој вика во пустината: ‘Пригответе пат за Господа, изра-мнете ги Неговите патеки! Нека се исполни секоја долина, и секоја гора и секое ритче нека се снизат; кривите ќе станат прави, а нерамните места нека бидат глатки! И секое тело ќе го види Божјото Спасение!’