Лука 23:26-34
Лука 23:26-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го ставија крстот, за да го носи по Исус. А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него. Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца; зашто, ете, се приближуваат деновите кога ќе се рече: ‚Блазе на неплодните и на утробите што не родиле и на градите што не доеле!‘ Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас‘, и на ридиштата, ‚покријте нѐ!‘ Зашто, кога ова го прават со зеленото дрво, што ќе биде тогаш со сувото?“ Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него. И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево. А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка.
Лука 23:26-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Одведувајќи Го Исуса, војниците наидоа на еден човек по име Симон Киренеецот, кој се враќаше од полето и го натераа тој да го носи крстот за распнување на Исус, одејќи по Него. По Исуса врвеше многуброен народ, меѓу нив и некои жени, кои плачеа и Го оплакуваа. Исус се сврте кон нив и им рече: „Ќерки ерусалимски! Не оплакувајте Ме Мене, туку себеси и своите деца, зашто идат денови, кога ќе се вели: ,Блазе си им на неротките, на утробите што не раѓале и на градите што не доеле!‘ Во тие дни луѓето ќе им довикуваат на планините: ,Паднете врз нас!‘, и на ридовите: ,Затрупајте нe!‘ Зашто, ако вака се постапува со зеленото стебло, тогаш што ли го очекува искршеното!?“ Покрај Исус, на распнување водеа и двајца злосторници. Кога пристигнаа на местото наречено ,Череп‘, таму ги распнаа Исуса и злосторниците: едниот оддесно, а другиот одлево на Исуса. А Исус се молеше вака: „Прости им, Татко, зашто тие не се свесни, всушност, што прават!“ Неговите облеки ги поделија меѓу себе со жрепка.
Лука 23:26-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса. По Него одеше големо множество народ и жени, кои плачеа и ридаа за Него. Но Исус се заврти кон нив и им рече: „Ерусалимски ќерки, не плачете за Мене; туку плачете за себеси и за своите деца! Зашто, ете, доаѓаат денови кога ќе се рече: ‘Блажени се неродилките! И утробите што не родиле и градите што не доеле!’ Тогаш ќе почнат да им зборуваат на горите: ‘Паднете врз нас!’ и на ридиштата: ‘Покријте нѐ!’ За-што, ако се прави вака со зеленото дрво, што ќе биде со сувото. А водеа и други двајца разбојници, за да ги погубат со Него. И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него; и зло-чинците - едниот оддесно, а другиот одлево. А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!“ Кога го делеа Неговото облекло, фрлија жрепка.